МОНИКО претставува лидер во Македонија за изработка на самолепливи етикети во ролна.. Современиот објект во кој се наоѓаме уште во самата изградба е дизајниран за комплетна функционалност и самостојност во работата. Од дизајн до готова етикета, целиот производен процес е дигитализиран. И самиот работен налог е во дигитална форма кој што веднаш е достапен до сите вработени, на тој начин добиваме поголема економичност, побрз пристап до информациите на сите вработени и поголема контрола врз процесот на изработка.
Компанијата Монико е формирана во далечната 1993 година, со скромни просторски, кадровски и материјални ресурси. Со тек на годините и како резултат на успешната работа, денес МОНИКО се разви во современа компанија спремна да ги задоволи високите критериуми кои се наметнуваат во современиот стил на работење...
Откако ќе се изработи дизајнот и истиот се одобри од налогодавачот се приоѓа кон монтирање и подготовка за печатење.
- Се изработуваат плочите за печатење.
- Се монтираат плочите на машина (се монтираат на цилиндар во круг)
- Се печатат етикетите (сите бои на иста машина една по друга)
- Се рицуваат (штанцаат) (имаме преку 2000 различни штанци)
- Се вади вишокот околу етикетите така да останува чиста етикета спремна за машинско лепење со етикетирка.
Се стремиме да имаме што поквалитетен производ, кој што ќе се издвои од другите со својот квалитет и пристапна цена. За остварување на таа цел постојано ги следиме сите новости во печатењето, посетуваме саеми, се едуцираме се повеќе и стануваме уште постручни, поквалитетни, со подобар производ и со задоволни клиенти.