Во процесот на изработка на една етикета се применуваат неколку чекори до завршниот производ. Сите тие чекори се одвиваат во самата компанија затоа што сме комплетно технолошки опремени и со комплетен стручен кадар способен да ги исполни сите побарувања од техничко технолошки аспект од почетната идеја па се до завршната реализација
Секоја етикета започнува со идеја, со визија која што стручниот тим на дизајнери има задача да ја дизајнира и да ја подготви за понатамошниот процес на печатење....
CTP-Изработка на плочи Печатење во 8 бои + лакирање Консултации и советии
Следејќи го чекорот со дигитализацијата и подобрувањето во квалитетот на печатењето имаме и дигитална изработка на плочите за печатење кои што се изработуваат директно преку CTP (computer to plate) машината.
За печатење на комплетен колор се доволни 4 бои. Ние имаме машини кои што печатат со 8 бои плус лакирање, што значи дека можеме да печатиме и додатни бои по желба или потреба како на пример златна или сребрена или пак некоја друга боја.
Секој потенцијален муштерија може слободно да се консултира и да побара совет од нас, без разлика дали се работи за техничка изработка или можеби за идеја за понатамошното производство и пласман на нивниот производ.