Поголемите компании, производители од сите дејности сакаат своето производство да го поедностават и убрзаат за да можат да постигнат поголеми количини на производи и со самото тоа поголем профит. Кога се работи кај одделот за етикетирање тоа се постигнува со автоматска машина за лепење етикети (етикетирка). Но за таа машина да работи потребно е да има етикети печатени во ролна. Токму изработката на тие самолепливи етикето во ролна е примарна дејност во МОНИКО.
Овие картички не се самолепливи, подебели се од обичните етикети и најчесто се перфорирани, многу често се печатат двострано и се користат како влезници за некои манифестации како кино, театар, концерти...
Овие картички не се самолепливи, перфорирани се, се печатат двострано и се користат за апарати за игри на среќа.
Кај нас се произведуваат и енвелопите за филтер ќесите, како и ознаката (местото за држење на кесичката) која стои на конецот од кесичката со чај.
Спакувани сликички за вметнување во друг производ (смоки, чипс, чоколади...)
Детски привремени тетоважи – претпоследен голем проект во кој успешно се разви системот за производство на привремени тетоважи.